Девет е американски драма мјузикл – филм од 2009 год. Филмот е режиран и продуциран од веќе докажаниот мајстор за спој на музика и филм Роб Маршал, кој веќе доби доста признанија а и Оскар за најдобар филм за својот претходен мјузикл Чикаго. Сценариото е од Мајкл Толкин и Ентони Мингела, и е базиран на книгата на Артур Копит според која беше направен и мјузикл на Бродвеј во 1982 а со тоа доби и Tony награда за најдобар мјузикл на годината. Но генерално, овој филм е римејк на италијанскиот филм 8½, кој беше режиран од Федерико Фелини.
Филмот својата американска премиера ја имаше на 18 декември 2009, во Њујорк и Лос Анџелес, додека пак својата светска премиера ќе ја има на 25 декември 2009.
Во главните улоги се појавуваат глумците наградени со Оскар, Даниел Деј-Луис, Џуди Денч, Никол Кидман, Марион Котиљард, Пенелопе Круз, Софија Лорен, актерката номинарана за Оскар, Кејт Хадсон и добитничката на Греми Награди, Ферџи.
Кратка содржина:
Поминувајќи ги и педесетите години од својот живот, филмскиот режисер Гидо Контини (Даниел Деј-Луис) е зафатен од средноживотната криза по што ја губи својата креативност и го носи кон различни комплицирани романтични врски. Обидувајќи се да го заврши својот последен филм, тој е присилен да биде опкружен во друштво на неколку жени од неговиот живот, вклучувајќи ја неговата жена, Луиза (Марион Котиљард); неговата љубовница, Карла (Пенелопе Круз); неговата муза од филмот, Клаудија (Никол Кидман); неговиот советник и костимограф, Лили (Џуди Денч); Американската модна новинарка, Стефани (Кејт Хадсон); проститутка од неговата младост, Сараџина (Ферџи); и неговата мајка (Софија Лорен).