Relax Zone
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Relax Zone

Welcome This is Relax Zone!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 BANDINI, Balaji Telefilms|2009

Go down 
АвторПорака
JK
Admin
JK


Број на мислења : 163
Join date : 2010-09-09
Age : 31

BANDINI, Balaji Telefilms|2009 Empty
ПишувањеПредмет: BANDINI, Balaji Telefilms|2009   BANDINI, Balaji Telefilms|2009 Icon_minitimeПет Сеп 10, 2010 4:44 pm

BANDINI, Balaji Telefilms|2009 122ezvm

Бандини е индиска теленовела, продуцирана од Shobha Kapoor и Ekta Kapoor за Balaji Telefilms, а со прикажување во Индија започнала во почетокот на 2009 година. Режисери на серијата која се прикажува во вечерен термин на IMDV Imagine индискиот канал се Kaushik Ghatak и Partho Mitra. "Бандини" е базирана според новелата "Retranhki" напишана од Varsha Adalja (1972), но воедно инспирирана и од некој јужно индиски филм, базирана на вистинска приказна. Во главните улоги настапуваат познатиот и почитуван индиски актер Ронит Рој и Аасија Кази, за која ова е прва улога во нејзината кариера.
Самиот поим бандини значи робинка. Серијата ни ја раскажува приказната за 18 годишната Санто, девојка од ниската каста која живее во едно селце во западна Индија близу Сурат. Со неочекуваната венчавка на Санто со Дарамраџ Махијаванши, вдовец со пет деца и сопственик на фабрика за дијаманти во Сурат започнува сторијата која ќе ги следи авантурите на Санто низ брачниот живот, предрасудите кои постојат за годините, класите и кастите, стегите кои ќе ја задушуваат младата девојка.
Ова индиска сапуница се прикажува во САД и Велика Британија, а преку Сител телевизија ексклузивно и во Македонија.


БАНДИНИ - BANDINI
Период на прикажување во Индија: 19 jaнуари 2009 -
Времетраење на епизода: 30 минути


Дарамраџ Махијаванши е сопственик на огромна фабрика за дијаманти во селцето Дарампур во покраината Гуџарат во западна Индија. Тој е водич на Советот на покраината и најбогат човек во месноста, но воедно и средновечен вдовец со пет деца. Неговите синови Хитен (23 години), Маулик (19 години), Сурај (7 години) како и неговите ќерки Каду (20 години) и Бирва (14 години) биле одгледани од неговата немажена сестра Тарулата, откако умрела Субадра, сопругата на Дарамраџ. Во неговата куќа исто така живеат неговите родителите на неговата прва сопруга, Васуда и Саураба, чија друга ќерка Сурека е мажена за Вират Шангви, шура и бизнис ривал на Дарамраџ.
Од друга страна, сиромашната и необразована Санто живее со нејзините сестри Кеми и Монги, како и со нивниот дедо Мадав Соланки, кој работи во фабриката за дијаманти како еден од најдобрите работници.
Дарамраџ има проблеми со работничкиот синдикат кој е подржан токму од неговиот бизнис ривал. Од страв неговиот најдобар работник - дедото Мадав да не ја напушти работата, Дарамраџ се спогодува за брак на својот помошник Махеш со Кеми, една од внуките на дедо Мадав. Поради тоа што според индиските верувања, астролошката позиција на Кеми е лоша, фамилијата на Махеш решава избраната невеста да биде токму Санто.
На денот на свадбата на Махеш и Санто, Махеш е подмитен од непријателите на Дарамраџ да избега. Младоженецот бега, а во селото настанува хаос и мешаница. За да ја смири ситуацијата, Дарамраџ решава тој да биде оној што ќе се ожени со Санто. Духовниот водач на фамилијата Махијаванши изјавува дека според астрологијата, токму Санто е таа која ќе му помогне на Дарамраџ да се спаси од сите бизнис неволји, па така Санто се мажи со Дарамраџ за да ја одбрани и својата ио неговата чест. Со самата неочекувана венчавка, се менуваат животите и на Санто и на Дарамраџ. Санто е сега омажена за доста постар маж, кој не и обрнува внимание и кој се уште мисли на неговата покојна сопруга. Фамилијата на Дарамраџ исто така не ја прифаќа новата невеста - неговиот син Хитен бега од дома, а Тарулата, сестрата на Дарамраџ започнува лошо да се однесува со новодојденичката. И покрај целата омраза, Санто сепак се обидува да биде добра со сите и со сите сили помага да се решат и проблемите во семејството и во бизнисот на нејзиниот маж. Но, Санто не знае колку сплетки ја очекуваат во таквата средина, каде постојат големи семејни тајни, скриени вистини и забранети врски.
Најпрвин Санто успева да го врати избеганиот Хитен во домот, потоа ја спасува од непосакуван брак и Каду, една од ќерките на нејзиниот сопруг. Постепено сите ја прифаќаат Санто во фамилијата, освен лошата Тарулата и Маулик, еден од синовите на Дарамраџ. Тоа што дополнително ја комплицира семејната ситуација е ненадејната љубов која ќе се роди меѓу Хитен и Ками, сестрата на Санто. Нивната љубов не смее да се оствари затоа што според верувањата, Ками е всушност новата тетка на Хитен затоа што сестра и е омажена со татко му. Со цел да се оствари таквиот брак, Санто и Дарамраџ се разведуваат. По разводот, Ками не се мажи со Хитен, туку го напушта селото и бега кај Ајрин, за кого подоцна се востановува дека е изгубен син на Дарамраџ. Дарамраџ и Санто повторно се венчаат, но се соочени со уште поголема семејна тајна на неговата злобна сестра Тарулата, чија цел е да ја избрка Санто од богатата палата.


Улоги: Ronit Roy, Aasiya Kazi, Rasika Joshi, Mrunal Jain, Prerna Wanwari, Shardul Pandit, Kimberly Jain, Sameer Kakkar, Tarla Joshi, Sanjay Nath, Sarika Srivastava, Dharmesh Vyas, Maya Alagh, Surendra Rajan, Leena Jumani, Akshata Rajput, Meghna Sanyal, Bharat Chawla
Вратете се на почетокот Go down
https://relaxzone.forumakers.com
 
BANDINI, Balaji Telefilms|2009
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
»  NINE | 2009
» THE UNBORN | 2009
» MAS SABE EL DIABLO, Telemundo Studios|2009/10
» THE VAMPIRE DIARIES|2009-
» MAR DE AMOR, Televisa|2009/10

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Relax Zone :: Телевизија :: Теленовели-
Отиди до: