JK Admin
Број на мислења : 163 Join date : 2010-09-09 Age : 31
| Предмет: MAR DE AMOR, Televisa|2009/10 Пет Сеп 10, 2010 4:37 pm | |
| MAR DE AMOR - МОРЕТО НА ЉУБОВТА
Период на емитување: 16 ноември 2009 - 2 јули 2010 Број на епизоди: 165 Кратка содржина:
Во Плаjа Ескондида живее Естрела Марина, девојка која сонува, со добри чувства, но силен карактер, решителна и бунтовна. Била одгледана од своите кумови, семејство на рибари, откако нејзината мајка Касилда останала болна откако била силувана и се родила Естреља. По три години отсуство, во градот се враќа Виктор Мануел Галиндез, човек чие минато го мачи, поради што одлучува да остане овде и да заборави на сè што се случило. Леон Пара Ибањез, најбогатиот и најзлобниот човек во градот, живее со своите ќерки: циничната и препотентна Ориана, и добрата Еленита. Ориана сака да го освои Виктор Мануел, но тој се вљубува во Естреља. Леон Пара сака да изгради комплекс на хотели во градчето и ја насочува Ориана кон своите цели, поради тоа што таа завршува студии како инжињер. За да ги исполни своите цели, Леон треба да го купи местото од Виктор Мануел, кој всушност е вистинскиот газда на комплексот. Виктор Мануел и Естреља се вљубуваат и се обидуваат да бидат среќни, но Ориана и нејзиниот татко, кој сака да ја добие Естреља по секоја цена, одлучуваат да ги одделат. Неочекувано, една ладна ноќ, се појавува девојка која излегува од морето, за која сите мислат дека сирена, но всушност е Корал, девојка која не се сеќава на ништо, но Виктор Мануел ја познава од минатото и мислел дека таа е мртва. Тој решава да и помогне и да и ги освежи сеќавањата. Леон и Ориана сега настапуваат со планот да ја натерат Естреља да замине од Виктор Мануел со тоа што ќе и кажуваат дека тие двајца се љубовници. Таа верува во нивната приказна и полна со љубомора заминува од него, и оди кај нејзината мајка Касилда во градот каде што го запознава Хернан, познат психијатар кој се вљубува во неа. Сè изгледа дека е изгубено помеѓу Естреља Марина и Виктор Мануел, и дека никогаш веќе нема да бидат заедно и среќни, но само силата на љубовта ќе им помогне да го најдат патот на изгубената среќа. | |
|